Директорот на полицијата во Тирана, Олигер Торба, вечерва пристигна во Универзитетската болница за трауматологија со преврзана рака, откако се здобил со повреда за време на протестот што денеска се одржа во албанскиот главен град, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).
Либертас - Булевар - Нова Македонија - Скопје1 - Нова Македонија - 24Инфо
Протестите во албанската престолнина Тирана ескалираа, откако полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се приближија до зградите на Министерството за економија и Владата.
ПРВ.мк - 360 степени - CivilMedia - Рацин - iNFOMAX
Нови насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија во петокот вечерта во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.
Тирана вечерва, 16 октомври, повторно беше сцена на судири меѓу полицијата и дел од демонстрантите, откако студентите, средношколците и граѓаните ги продолжија протестите четврти ден. Во центарот на албанската престолнина полицијата употреби солзавец и водени топови, додека ...
По насилните антивладини протести во Албанија, премиерот Еди Рама денеска ги повика граѓаните на мир и обвини странски сили за инцидентите. Протестите немаат „апсолутно никаква врска“ со тешките услови за живот во Албанија или легитимна желба за подобрување на тие услови, рече ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по протестот на студентите, тврдејќи дека во последните случувања се вмешани надворешни фактори. Според Рама, протестот се оддалечил од првичната цел и повеќе не ги претставува реалните грижи на студентите.