Кога летната жега пржи надвор и ви се јаде нешто на лажица, брза летна супа која дури и не бара шпорет е решението. Оваа супа е многу едноставна за подготовка, а сè што ви треба е блендер. Гаспачо е ладна доматна супа.
Гаспачото е совршена летна супа бидејќи сите свежи состојки се во полна сезона во овој период од годината, а нема ни потреба да ги вклучувате шпоретот или рерната! Само подгответе ги состојките на даската за сечење. Потоа вашиот блендер или сечко ќе ја заврши останатата работа.