Комисијата за заштита на конкуренцијата не водела единствена евиденција за изречените глоби, не го осигурила државниот имот, не можела да ги достави листите за присуство на вработените, а ревизорите утврдиле и слабости во јавните набавки и пописот на имотот.
Комисијата за заштита на конкуренцијата реагира на Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија, посочувајќи дека наодите се однесуваат на работењето на претходниот состав на институцијата во текот на 2024 година.
Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. -Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637) за 2024 година.
Комисијата за заштита на конкуренцијата, институцијата задолжена да спречува фаворизирање и ограничување на пазарот, при сопствените јавни набавки користела услови што според Државниот завод за ревизија ја ограничиле конкуренцијата и фаворизирале одредени економски оператори.