Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, на предлог на претседателката на Европската комисија, , која вчера беше во посета на Македонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија и официјално побарал средба со неговата бугарска колешка .
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонската страна ги презема сите дипломатски чекори за деблокирање на дијалогот со источниот сосед, следејќи го конструктивниот совет од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА потврдија дека денеска е побарана билатерална средба меѓу министерот Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.