ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ, НАДЛЕЖНИТЕ БЕЗ КОНКРЕТЕН ОДГОВОР КОГА ЌЕ ГИ ОТСТРАНАТ ПРЕЧКИТЕ Административни, но и технички пречки биле причината што патот Сопиште – Средно Водно – Центар, познат како пат до Сончев Град, сè уште не е пуштен во употреба, односно е затворен веќе 13 години.
Патот Сопиште – Средно Водно – Центар, чија изградба започнала во 2013 година, а градежните работи биле завршени во 2016 година, сè уште не е ставен во нормална употреба, реагира Раби В. Седрак во објава на социјалните мрежи.