Во Охрид се одржа дводневна медиумската студиска тура и работилница, во организација на KfW заедно со Министерството за образование и наука, како партнер во спроведувањето на проектот и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Со европски средства студенските домови и ресурсни центри во земјава се обновуваат од темел. Преку проектот кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) за Западен Балкан и преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во моментов ...
Следниот семестар студентите ќе можат да се вратат во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој, веќе четири години, не им е достапен за сместување. Такви се очекувањата на Министерството за образование и на претставниците на Европската унија кои заеднички ...
Над 85,5 милиони евра ќе бидат инвестирани во реконструкција и зголемување на енергетската ефикасност на девет студентски домови, еден дом за ученици од средните училишта и шест училишта со ресурсни центри за ученици со посебни потреби.
Во Скопје завршена е реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, а при крај е на „Кузман Јосифовски – Питу“. За уште седум други домови низ земјава или тече постапка за избор на изведувач или, пак, треба наскоро да се распише тендер.