Премиерот Христијан Мицкоски, пред посетата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен в петок, порача дека тој нема информации дека Македонија нема да добие патоказ за пристапување кон ЕУ, упатувајќи ги новинарите за таквите информации да го прашаат „Политико“.
Не треба ниту ние, ниту граѓаните да ги обвинуваат луѓето од Брисел. Тие се трудат, сакаат, знаат дека ни е нанесена неправда, сочувствуваат со нас итн., но сè завршува со реченицата: „Вие си прифативте, некоја ваша влада ставила потпис на тоа“, вели премиерот Христијан Мицкоски ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во интервјуто во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, порача дека во односите со европските партнери треба да се постапува рационално и без емоции. Тој посочи дека дел од условите со кои денес се соочува земјава биле прифатени и потпишани од претходна ...