Поранешниот тениски ас Борис Бекер ги почасти фановите со семејна фотографија на која позира со неговите синови. На фотографијата што ја објави на Инстаграм, Бекер позира на плажа со синовите – Ноа (32), Елијас (26) и Амадеус (16).
Тениската легенда ужива на плажа со сопругата Лилијан де Карваљо Монтеиро, малата ќерка и синовите од претходните бракови. Бекер откри дека токму таа му била најголемата поддршка во најтешките моменти, кога се соочуваше со финансиски проблеми и затворска казна.