На ден пред изборите, гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија, од утрово гласањето тече мирно и непречено.
Во пресрет на утрешниот главен изборен ден, денес се спроведува гласањето на болните и немоќни лица, лицата на издржување затворска казна или во притвор, како и оние сместени во установи за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови.
Вкупно 296 болни и изнемоштени лица и седуммина затвореници денеска ќе го остварат своето право да гласаат на 77 избирачки места на првиот круг од локалните избори во Струга и струшко, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија ...
Непречено почна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион. Од општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека нема никакви проблеми во текот на гласањето. -Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и ...