Летните вечери се уште поубави со дружење со драги луѓе и чаша омилен пијалак, а во продолжение ви пренесуваме рецепт за еден освежителен коктел. Станува збор за коктелот „Skinny Bitch“, кој во последните неколку години ги освои социјалните мрежи.
Коктелите веќе не се резервирани само за слатки вкусови , овошни комбинации и класични рецепти. Во последно време сè поголема популарност добиваат лутите и солени коктели , во кои бармените комбинираат лути пиперки, билки, зачини и необични состојки, пишува „Асошиејтед прес“.