Интимноста не завршува кога светлата ќе се изгаснат. Експертите истакнуваат дека периодот по сексот е важен за градење доверба, емоционална поврзаност и задоволство од врската, и токму тогаш многу парови несвесно прават грешки.
Лошите рутини пред заспивање создаваат емоционална дистанца меѓу партнерите и постепено ја нарушуваат стабилноста на врската. Одредени секојдневни навики во спалната соба можат сериозно да го нарушат односот меѓу партнерите, покажуваат анализите на експертите за врски.