Сушата сè повеќе станува еден од најголемите климатски предизвици за Македонија, со директни последици врз водните ресурси, земјоделството и локалните заедници. Експертите предупредуваат дека подолгите сушни периоди и растот на температурите ја зголемуваат потребата од навремени ...
Земјоделското земјиште зафаќа околу половина од вкупната површина на земјата, а со тоа сушата претставува ризик со директни последици врз производството на храна, приходите на земјоделците и руралната економија.
Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата.