Тврдењето дека мисијата е логистичка не ја менува ситуацијата, бидејќи логистиката е исто така дел од војната – вели советник од локалната заедница Тунџа, недалеку од воздухопловната база отстапена на употреба на армијата на САД.
Бугарскиот парламент гласаше да им се дозволи на американските воени авиони да се полнат со гориво во воздух на нејзина територија, во време кога тензиите на Блискиот Исток растат и додека Вашингтон се заканува со нова ескалација на воените напади против Иран.
Бугарскиот парламент го одобри користењето на воздухопловната база Безмер од страна на американската војска за поддршка на американските операции на Блискиот Исток, предизвикувајќи загриженост кај некои пратеници дека Бугарија би можела да биде вовлечена во конфликт со Иран.
Бугарскиот парламент го одобри барањето на САД за користење на воздухопловната база Безмер како логистичка поддршка за американските операции на Блискиот Исток. Одлуката беше донесена со мнозинство од 136 гласа „за“, 13 „против“ и двајца воздржани.
Националното собрание на Бугарија одобри распоредување на американски авиони-танкери во воздухопловната база Безмер, објави БГНЕС. Дозволата, побарана од владата по нота од американска страна, беше поддржана со гласови од 135 пратеници, 13 гласаа против, а двајца беа воздржани.