Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција му упати прашање на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали е пред договор за ново предавство на државата, обвинувајќи го дека неговиот став „прво Бугари во Устав, па сè друго“ отвара сериозни сомнежи.
„Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија. Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и ...
Филипче вели - прво Бугари во Устав, па сè друго. Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси.