Од досега преброените 10.044 гласови односно од 15 избирачки места од 24, колку што има во населените места во Брвеница, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски има освоено 3950 гласови, додека Архин Јахиј од Национална алијанса за интеграција 2046 гласови.
Државната изборна комисија (ДИК) ги објави новите ажурирани првични резултати од вториот круг на изборите за градоначалник на Општина Брвеница, кои носат уште поубедлива предност за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.
Процесот на броење на гласовите од вториот круг на изборите за градоначалник на Општина Брвеница продолжува, а најновите податоци од Државната изборна комисија (ДИК) потврдуваат значајна и стабилна предност за кандидатот Стојанчо Радичевски.