На 29.09.2026 во 01:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Ч.(41) од Струмица. Според пријавеното, тој на 28.09.2026 во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко, а агресивно се однесувал и кон останатите членови на семејството.
47-годишен жител на Скопје е пријавен дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка додека таа престојувала кај него. Според МВР, на 28 септември во 17 часот во СВР Скопје случајот го пријавила неговата 30-годишна поранешна сопруга, исто така од скопско.
На 27.09.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 26.09.2026 околу 03:00 часот во неговиот дом на подрачјето на Чаир, неговата поранешна 34-годишна партнерка М.К. од Скопје физички го нападнала и оштетила дел од покуќнината.