Националната установа „Танец“ ќе одржи два ексклузивни концерти во Лондон и Оксфорд. По повеќе од седум децении, „Танец“ повторно ќе настапи во Велика Британија во Лондон на 16 септември и во Оксфорд на 18 септември, годинава.
Уметниците од „Танец“ ќе ги изведат канонските ора „Тешкото, „Драчевка“ и низа традиционални вокално-инструментални бисери Силниот ехо-ритам на македонскиот искон повторно ќе го растрепери срцето на Обединетото Кралство.
По 76 години од историскиот успех во Ланголен, Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ повторно ќе настапи во Велика Британија, каде што со два ексклузивни концерта во Лондон и Оксфорд повторно ќе ја претстави македонската традиција пред британската и ...