Македонија утре ја прославува 35-годишнината од својата независност. Низ овие 35 години државата помина низ различни турбулентни периоди испреплетени со длабоки општествени кризи, најпрво преку мачен процес на економска трансформација, познат како „транзицијата“, преку етнички ...
Неделната вечер на 8 септември 1991 година на скопскиот плоштад не наликуваше на ниту една друга . Тоа не беше протоколарна, однапред режирана државна манифестација, туку спонтан, историски излив на народна енергија, олеснување и надеж .
Првите три децении се период во кој меѓународниот систем ја набљудува младата држава и мери дали таа е вистински политички субјект со сопствен идентитет и волја за опстанок, или е само геополитичка импровизација. По триесет години, оправдувањата за „детски болести“ завршуваат.