Третата вечер на 45. Скопски џез-фестивал, денеска, 17 октомври, носи три исклучителни музички доживувања во Националната опера и балет. На програмата се македонската контрабасистка Андреа Мирческа со својот квинтет, јужноафриканскиот пијанист Ндудузо Махатини и ...
Гитаристот Еивинд Орсет и Јан Банг, лајв семплинг ќе настапат вечерва во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет во Скопје. Тие ќе ја отворат втората фестивалска вечер на 45. Скопје џез фестивал, која ќе има три концерти.
Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).
Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста, современоста и погледот кон иднината на џез музиката.