Домаќинствата би можеле да добијат повеќе часови по ниска тарифа, а се разгледува и проширување на евтината струја на сабота. Но конечна одлука нема: РКЕ ги чека пресметките на енергетските компании, додека сегашниот тарифен модел сè потешко ја следи реалноста на пазарот.
„Во Македонија, струјата е евтина само ако ја гледате само номиналната цена изразена во евра – тогаш е приближно на нивото на Србија и Албанија. Но, многу поважно е прашањето колку таа струја реално тежи на џебот на човекот што ја плаќа.
Регулаторната комисија за енергетика подготвува анализа на постојниот модел на блок-тарифи и евтината тарифа за електрична енергија, а можни се промени во периодите во кои домаќинствата плаќаат пониска цена. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, вели дека конечна одлука сè уште ...