TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

(Видео) Руски ракетен напад врз Киев: Едно лице загина, десетмина се повредени

Скопје1 - пред: 2 часа

Едно лице загина, а десет се повредени во ноќниот руски ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина. Погодени биле административна зграда и други објекти што не се наменети за домување, а оштетена била и инфраструктурата на метрото кај Јужниот мост.

Русија изврши масовен напад врз Киев: Погодени студентски дом, болница и метро, има загинати и повредени

Трн - пред: 3 часа

Најмалку едно лице загина, а десет се повредени во рускиот ракетен напад врз украинската престолнина. Меѓу повредените има и студенти, а спасувачките екипи продолжуваат со интервенциите. Најмалку едно лице загина, а десет се повредени во рускиот ракетен напад врз Киев, соопштија ...

Русите го ракетираа Киев , има повредени

Проверено - пред: 5 часа

Руските сили испукаа ракети кон Киев, предизвикувајќи серија експлозии, објави Ројтерс . Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека еден проектил паднал во близина на метро станица. Кличко, исто така, рече дека екипажот на брзата помош бил нападнат и дека има повредени.

Руски напад врз Киев, има загинати и повредени

Колегиум - пред: 2 часа

Во руски ракетен напад врз украинската престолнина Киев синоќа загина најмалку едно лице, а десетмина беа повредени, меѓу кои и студенти во студентски дом, соопштија официјални лица. Во нападот, кој се случил во доцните вечерни часови, биле погодени образовна установа, станбени ...

Руски ракети погодија студентски дом и цивилни објекти во Киев: Еден загинат и 15 повредени

24Инфо - пред: 3 часа

Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во руските напади врз Киев од понеделникот вечерта, објави Ројтерс. Меѓу повредените има и студенти, а оштетени се универзитетски објекти, студентски дом, здравствени установи и инфраструктура на метрото.

(Видео) Руски ракетен напад врз Киев, Кличко: Нападната е екипа на брза помош, има повредени

Макфакс - пред: 5 часа

Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, при што низ градот се слушнале серија експлозии, пренесува Ројтерс . Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека ракета паднала во непосредна близина на станица на метрото.