Активисти на Левица денеска лепеа фотографии од Газа пред канцеларија на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на тој начин пречекувајќи го од неговото враќање од Израел. Според неговите објави, таму учел за дигитализација, паметни градови и модерно управување.
Додека Скопје се дави во ѓубре, додека граѓаните со часови чекаат јавен превоз кој никогаш не доаѓа, а градот тоне во хаос и негрижа, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одлучи да отпатува во Израел на „студиска посета“, реагираат од Левица.
Соопштение на Левица: Додека Скопје се дави во ѓубре, додека граѓаните со часови чекаат јавен превоз кој никогаш не доаѓа, а градот тоне во хаос и негрижа, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одлучи да отпатува во Израел на „студиска посета”.