Западнонилската треска е вирусна инфекција предизвикана од вирусот Западен Нил (West Nile Virus), кој во природата примарно циркулира меѓу птиците, а на луѓето и животните им се пренесува исклучиво преку убод од инфицирани обични комарци (најчесто од родот Culex ).
Бројот на заболени со западно-нилска треска во Македонија се зголеми на 56, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 52 се водат како потврдени, а четири како веројатни.
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот на западнонилската треска во 15 европски земји од почетокот на сезоната, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).
Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил се регистрирани низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренесување оваа година, јави ДПА, повикувајќи се на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.