Ова е колото кое нѐ потсети зошто Лигата на Шампионите е најомиленото клупско натпреварување на светот. Вечер во која апсолутните фаворити страдаа на гостувањата, рекордите паѓаа, а фрустрациите кулминираа со остри изјави кои ќе ја тресат Европа со денови.
Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“. Победи, вечерва запишаа и другите два тима од Шпанија. Барселона во Истанбул го совлада Галатасарај со 4:1, а Виљарела со 3:1 славеше против Наполи.
Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се играше во Мадрид каде што на крајот домаќинот Атлетико славеше над Манчестер јунајтед со 2-0. Избраниците на Диего Симеоне беа подобар противник од самиот почеток и на крајот заслужено ги освоија бодовите против англискиот гигант.
Денеска и утре се играат сите 18 натпревари од 2.коло во лигашката фаза во ЛШ. По неколку неделна пауза поради репрезентативниот „прозорец“, еве конечно елитен фудбал. Од вечерашните девет средби секако дека за издвојување е оној во Истанбул на „Рамс Парк“ каде Галатасарај во ...