Вештачката интелигенција ја зголемува побарувачката за мемориски чипови, а автомобилската индустрија повторно се соочува со ризик од недостиг и повисоки трошоци Автомобилската индустрија повторно се соочува со сериозен предизвик на глобалниот пазар на полупроводници.
Главниот проблем е огромниот раст на инвестициите во вештачката интелигенција и изградбата на центри за податоци, кои создаваат сè поголема побарувачка за мемориски чипови – компоненти што се користат и во современите автомобили.
Ако мислите дека мобилните телефони, телевизорите, компјутерите и другата електроника се многу поскапи денес отколку што беа пред неколку години – не сте сами. И не се лажете. Периодот кога новата генерација уреди, по правило, беше поевтина од претходната практично е завршен.