Кога температурите растат, правилната хидратација станува особено важна. Водата останува основниот и наједноставен избор, а многумина во текот на летото посегнуваат и по лимонада. Сепак, уште еден напиток може да биде корисно освежување – незасладениот ладен чај.
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е одлична за подобрување на хидратацијата во топлите денови. Водата со лимон, краставица, нане или ѓумбир е еден од најпопуларните велнес трендови со години, а социјалните мрежи се полни со рецепти што ...