Соопштение за јавност на СДСМ: Седнале денеска во Министерството за правда ВМРО и нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали. Со руска партија како Левица која е анти НАТО и анти ЕУ седнале за реформски закон за ЕУ да разговараат? Многу провидно делува ...
Европската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени. За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници, велат од СДСМ.
„Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист. Нема дилема. Има лаги. Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти.