Во Првата македонска фудбалска лига денеска се одигра еден натпревар од 7.коло. Во Куманово актуелниот шампион Вардар не ја оправда фаворитската улога во дуелот Башкими кој беше последно пласираниот пред овој натпвевар.
Единствениот денешен меч од ПМФЛ програмата се игра во Куманово, каде што домаќинот Башкими го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар. На полувреме со многу пожртвувана, борбена, и паметна игра, тимот на Башкими води со 2:1.
Вардар е голем фаворит за триумф против последнопласираниот Башкими, но тоа треба да го покаже и на теренот. Не е лесно да се игра на Градскиот стадион во Куманово, а домаќините сигурно ќе имаат огромни мотиви да го сопрат актуелниот шампион.