Вчера Хрватска во епско полуфинале ја победи Норвешка и се пласираше во големото финале каде што ќе игра против Норвешка. Во финалето после четири продолженија Хрватите беа подобри од Норвешка и после 10 години ќе игра финале на Европско првенство.
Светско освоија во 2003-та, Олимписки игри во 2004-та и двете со Лино, но тоа што им фали е токму златниот медал на едно Европско. Играа две финалиња во 2008-ма и 2010-та, а третата шанса ќе ја имаат утре против Шпанија.
Ракометарите на Хрватска очекувано беа во еуфорија по победата над Норвешка во полуфиналето на Европското првенство па во соблекувалната ечеше од радост и песна. Ја прославија победата со популарна песна од Мишо Ковач.