Преполна сала, илјадници гласови и ѕвездено небо од светлата на мобилните телефони. Македонската поп-дива Калиопи вечерва ја крена скопската публика на нозе во арената „Борис Трајковски“, каде што нејзините најголеми хитови ги пееја генерации што растеле со нејзината музика.
Во преполна сала и публика која од првите тактови ги пее нејзините песни во еден глас, Калиопи вечерва одржува концерт во Скопје, претворајќи ја музичката вечер во вистински спектакл исполнет со емоции и силна енергија.