Во преполна сала и публика која од првите тактови ги пее нејзините песни во еден глас, Калиопи вечерва одржува концерт во Скопје, претворајќи ја музичката вечер во вистински спектакл исполнет со емоции и силна енергија.
Калиопи уште еднаш потврди дека е една од најголемите музички ѕвезди на македонската сцена, со глас што не познава граници и харизма што ја држи публиката на нозе. Нејзиниот синиќешен концерт беше вистинско музичко патување низ пет децении кариера, исполнето со хитови, ...
„Бато“, „Остани во мене“, „Црно и бело“, „Месечина“, „Обои ме“ – песни што одбележаа генерации, синоќа одекнуваа низ преполната арена „Борис Трајковски“. Речиси три часа Калиопи пееше со неверојатна енергија, а публиката го знаеше секој збор, секој рефрен и секоја емоција.
По подолго исчекување бидејќи на публиката и требаше време да влезе и да ги заземе своите места на прекрасната сцена се појави Калиопи и настана општ делириум. Како што прилега ја поздрави публиката и напомена дека вечерва ќе се забавуваме и ќе го разбудиме детето во нас.
Калиопи уште еднаш докажа дека е жена-глас, полна со енергија, 3 часа не престана да пее, да скока, да танцува и да нè ежи сите во публиката со моќниот вокал – имаше куп изненадувања на вчерашниот концерт во Скопје, ја пееше „Обои ме“ со Слаткар, ја запеа „Македонско девојче“ со ...