Според партијата, Филипче, заедно со тогашниот премиер Зоран Заев, учествувал во политиките што доведоа до промена на името на државата, додека јавноста, како што наведуваат, била уверувана дека тоа ќе го отвори патот кон членство во ЕУ Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска упатија ...
Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името. Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион.