Млада кумановка му изнудувала пари на партнерот од Гостивар кој бил на работа во Швајцарија, со закани и уцена дека останала бремена од него. 38 годишниот маж пријавил во полиција бидејќи девојката му земала 1500 евра.
Дваесет и четиригодишна девојка од Скопје е жртва на измама во која лажен вработен во Катастарот и негов соработник ѝ зеле сума од 117.000 денари под изговор дека ќе ѝ помогнат да го откупи и приватизира државното земјиште што го користело нејзиното семејство, соопшти МВР.
Национално - ТВ21 - Журнал - Булевар - +инфо
Шеесет и четиригодишен маж од Куманово бил измамен, физички нападнат и ограбен, а потоа двајца сограѓани се обиделе да го принудат да подигне брз кредит од финансиско друштво. Мажот успеал да ѝ сигнализира на вработената дека дејствува под присила, по што таа повикала полиција.
Две кумановки и пет банкарски службеници добија кривична пријава за измама, поради злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување со кои оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари.