TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Масовен напад со дронови врз Русија: Москва тврди дека се соборени над 600 беспилотни летала

Press24 - пред: 1 час

Русија во текот на ноќта беше изложена на еден од најголемите напади со беспилотни летала, а според податоците од руското Министерство за одбрана, системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно 604 украински дронови над повеќе региони.

📽️ РУСИЈА СО НЕВИДЛИВИ РАКЕТИ ГО НАПАДНА КИЕВ: Моќните проектили ја заобиколиле украинската ПВО, радарите ги откриле дури при ударот

+инфо - пред: 2 часа

Шест балистички ракети биле откриени на радарите непосредно пред ударот врз Киев. Нападот отвори прашања за системот за рано предупредување и можните последици од евентуалното ограничување на американската разузнавачка поддршка.

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови

24Инфо - пред: 2 часа

Руските сили извршија напади во текот на ноќта врз неколку украински градови, вклучувајќи ги Киев, Лвов, Запорожје и Харков, користејќи балистички ракети и беспилотни летала, објавија украинските медиуми. Според украинските воздухопловни сили, шест балистички ракети биле ...

Делови од дронови оштетија индустриска зона во рускиот град Невиномиск, експлозии во Киев

24 Вести - пред: 4 часа

Остатоци од дрон паднале во индустриска зона во рускиот град Невиномиск, во јужниот регион Ставропол, при што е причинета материјална штета. „Масивен воздушен напад во Ставропол беше одбиен благодарение на силите за воздушна одбрана. Ноќта беше многу напната за нив.

Жесток ракетен напад врз Киев: Најмалку шест балистички ракети насочени кон украинската престолнина, седуммина повредени во Харков

iNFOMAX - пред: 3 часа

Украинската престолнина Киев повторно се најде под силен руски ракетен напад, при што, според првичните информации, биле употребени најмалку шест балистички ракети. Истовремено, руски напади биле пријавени и врз Харков, каде што бројот на повредени се искачил на седум лица.

Украинската ПВО соборила 94 од 116 руски дронови во текот на ноќта

Проверено - 11.10.2026

Украинската противвоздушна одбрана соборила или неутрализирала 94 од вкупно 116 руски беспилотни летала лансирани кон Украина во текот на ноќта меѓу 10 и 11 октомври, соопшти украинското воено воздухопловство. „Во текот на ноќта кон 11 октомври, почнувајќи од 18 часот по локално ...