Кеш или картичка? Иако државата и банките со години го поттикнуваат безготовинското плаќање, во пракса готовината и натаму има силна предност. Во малите продавници, киосците и локалните дуќани често се преферира кешот.
Дали македонските граѓани стануваат поштедливи, подисциплинирани или, едноставно, повеќе не ги сакаат кредитните картички? Додека бројот на дебитни картички бележи раст, кредитните картички веќе две години по ред губат корисници.