Уф, каков гол, каква мајсторија на нашиот Дарко Чурлинов. Се играше 59.минута кога Македонецот во дресот на Погон Шчечин постигна супер гол за водство на својот тим од 1:0 против гостинскиот состав на Краков во меч од елината лига на Полска.
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов со супер погодок ја одбележа победата на Погон над Виечиста Краков во првата лига на Полска. Домаќините се изборија за трите бода со триумф од 2-0, победа која ја најави Чурлинов во 59 минута.