Првиот четвртфинален натпревар го играат Франција и Мароко во Бостон, додека победникот ќе се сретне со подобриот од дуелот Шпанија – Белгија. До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршна фаза.
Франција останува главен фаворит за освојување на титулата светски шампион, покажуваат најновите пресметки на суперкомпјутерот на „Опта Аналист“, објавени по завршувањето на осминафиналната фаза на Мундијалот 2026.
Според двојките, Европа на СП 2026 сигурно ќе има две селекции во полуфиналето Во четврт-финалето на едно фудбалско светско првенство (СП) десетти пат ќе играат репрезентации од три континента, а годинава тоа се шест од Европа и по една од Африка и од Јужна Америка.
Легендарниот француски тренер Арсен Венгер го анализираше Светското првенство во 2026 година и го издвои тимот за кој верува дека е единствениот што може да ја запре Франција на патот кон титулата. Според него, само Шпанија има квалитет за тоа.