Масовниот прилив на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута претставуваше директен хибриден напад врз надворешната граница на Европската Унија, оцени поранешната шпанска министерка за надворешни работи, Аранча Гонзалес Лаја.
Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко.
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута било „хибриден напад“ врз „надворешната граница на Европската унија“, изјави поранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја за „ Еуроњуз “.