Барселона прв пат сезонава загуби и тоа на гости во Париз од актуелниот европски владетел Пари Сен Жермен со 4:2. Каталонскиот гигант имаше 2:2 во 80 минута, но во финишот на средбата прими два гола и го прекина перфектниот старт на сезоната.
Барселона нема сомнежи: Ламин Јамал е симболот на сегашноста и иднината на клубот. Пред натпреварот во Лигата на шампионите против ПСЖ, претседателот Жоан Лапорта го потврди стремежот да го задржат талентот роден во 2007 долго во тимот.
Барселона нема намера да се откаже од својот најголем млад талент. Ламин Јамал е еден од клучните играчи во проектот на каталонскиот клуб, а претседателот Жоан Лапорта јасно стави до знаење дека раководството сака да го задржи на „Камп Ноу“ што е можно подолго.
Шпанскиот репрезентативец смета дека младиот талент веќе прави огромна разлика на теренот, но треба да игра без дополнителен притисок и да ужива во фудбалот. „Кај него секогаш гледам желба за победа и вистинско уживање во играта.