Превентивните прегледи што ги организираше Клиниката за неврологија открија загрижувачки податоци – кај дури 40% од граѓаните биле утврдени ризик-фактори за мозочен удар. Еден од граѓаните бил итно примен на клиника поради висок ризик.
- Двесте до 300 граѓани со мозочен удар годишно има на 100.000 жители, што не става некаде на врвот на статистиките. Последниве две години тој број малку е зголемен. За жал има и помлади пациенти. Имавме пациентка со 16-годишна возраст, што треба да нè алармира дека навистина ...
Кај 60 од вкупно 174 граѓани кои вчера направиле бесплатни превентивни здравствени проверки во центарот на Скопје биле измерени зголемени вредности на крвниот притисок. Покачен шеќер во крвта бил регистриран кај 34 лица, а зголемени маснотии кај 45 граѓани, информира за МИА ...
Мозочниот удар претставува значаен јавно-здравствен предизвик. Навременото препознавање на предупредувачките знаци, контролата на ризик-факторите и брзото добивање соодветна медицинска помош се од суштинско значење за намалување на последиците и спасување човечки животи.
По повод Светскиот ден на мозочниот удар, охридската болница „Св. Еразмо“ организира бесплатни здравствени прегледи и стручни консултации, со цел да ја поттикне јавната свест за значењето на превенцијата и навременото откривање на ризиците.