Високите температури можат сериозно да го загрозат здравјето, особено кај повозрасните лица, малите деца, хронично болните и бремените жени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да преземат мерки за заштита додека трае топлотниот бран.
Колапси, прегревање и топлотни удари во пораст: Институтот за јавно здравје предупредува на ризиците од жештината и повикува на претпазливост. Зголемен е бројот на повици до Итната медицинска помош поради и жештината што ја зафати земјата.
УХМР издаде метео аларм за високи температури на територија на целата Македонија за 05.08.2026. -Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот.