Владимир Путин нема намера да склучи мировен договор со Украина и поверојатно е дека, по парламентарните избори во Русија во септември, дополнително ќе ја ескалира војната, изјави рускиот опозициски активист Гари Каспаров за порталот Политико.
Поранешниот руски шаховски велемајстор и политички активист Гари Каспаров изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема намера да склучи мировен договор со Украина. Тој додаде дека е поголема веројатноста војната да ескалира по парламентарните избори во Москва во септември.