Московската рафинерија беше погодена од беспилотни летала во нападите со дронови што беа дел од најголемиот украински ноќен напад годинава. Нападот се случи на последниот ден од гласањето на руските парламентарни избори.
Повеќе од 400 летови биле одложени на московските аеродроми во изминатите 24 часа по масовниот напад со беспилотни летала врз руската престолнина и воведените безбедносни ограничувања во воздушниот простор. Според објавените податоци, најмалку 403 летови доцнеле, додека 12 биле ...
Најмалку две лица загинаа, а шест се повредени во масовен ноќен украински напад со беспилотни летала врз московскиот регион, изјави гувернерот Андреј Воробјов. Тој соопшти дека биле соборени 249 дронови и пријави пожари во неколку станбени куќи и еден магацин.
Украина во текот на ноќта изврши напад врз Москва со десетици беспилотни летала, при што загинаа најмалку две лица, изјави утрово градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин. Руската противвоздушна одбрана пресретна повеќе од 180 беспилотни летала, додаде Собјанин.