Пред токму една година, македонската јавност се збогува од примадоната Милка Ефтимова , која почина на 89-годишна возраст во Скопје. Ефтимова е една од најзначајните македонски оперски уметници, која остави длабока трага во историјата на македонската култура.
На 13 август 2025 година, на 89-годишна возраст во Скопје почина Милка Ефтимова, една од најголемите македонски оперски уметници, доајен на македонската опера, првенка на Македонскиот народен театар, концертна уметница и долгогодишен педагог.