Шест возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации во Македонија поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Четворица од нив управувале возило без положен возачки испит.
Полицијата ноќеска приведе жител на кочанско село кој возел со отворена врата и со 2,78 промили алкохол во крвта. „На 29.10.2026 во 00:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Оризари, кочанско.
Триесет и седумгодишен жител на Кочани е лишен од слобода откако учествувал во сообраќајна незгода, а потоа го напуштил местото. Полицијата утврдила дека управувал со возило без претходно да се стекне со право на управување и со истечена важност на сообраќајната дозвола.