Македонија повторно отвора средно полициско образование. Не како носталгичен повраток на една стара институција, туку како обид државата да создаде кадар пред тој да влезе во системот – со дисциплина, проверка, знаење и јасна професионална траекторија.
Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година.
Министерството за внатрешни работи го објави јавниот повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година, со што по пауза од 26 години повторно се враќа средното полициско образование во Македонија.