И тоа го има во фудбалот. И тоа го има на Мундијалот. Иако на иранската фудбалска репрезентација конечно ѝ беше дозволено да учествува на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, оваа селекција се соочува со отворено непријателство на секој чекор.
Иранските фудбалери оставија емотивна порака по натпреварите во Лос Анџелес. Гестот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Неколку реда напишани во соблекувалната во Лос Анџелес станаа една од најсподелуваните приказни од Светското првенство.
Репрезентацијата на Иран ремизираше без голови против Белгија (0:0) во натпреварот од второто коло на Светското првенство, но вниманието на јавноста го привлече случувањето на трибините пред почетокот на средбата.