Македонија има потреба од институции кои ќе работат со јасна долгорочна визија и нема да носат одлуки водени само од дневно-политички интереси, порача премиерот Христијан Мицкоски на петтиот состанок посветен на Националната развојна стратегија 2024–2044.
Националниот совет за развој на денешната петта седница го усвои Годишниот извештај за спроведување на Националната развојна стратегија 2024–2044, документ што треба да го следи напредокот на државата во долгорочните развојни цели.
„Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно искусила. Економските текови се менуваат, технолошките револуции ги трансформираат пазарите на трудот, геополитичките предизвици стануваат сè посложени, а државите кои немаат јасна ...