Македонската пресметка во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ му припадна на ГРК Охрид, кој повторно на сметка на Вардар успеа да дојде до нов пехар пред стартот на сезоната. Избраниците на Борис Ројевиќ славеа со 29-27 (12-10).
Последен ден натпревари на охридскиот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Тој ги носи дуелите за конечен пласман и се разбира големото финалето. За пехарот ќе се борат двете македонски екипи, актуелниот шампион Вардар и домаќинот и бранител на трофејот од лани Охрид.
Ракометарите на Вардар стигнаа и до трета победа на третиот одигран натпревар на турнирот ,,Крсте Андоновски” во Охрид. Актуелниот македонски шампион го совлада словенечки Тримо со 28:26, во натпревар кој донесе израмнето прво полувреме со малку голови.
И ослабен, македонскиот шампион Вардар го совладаа хрватски Нексе со 33:27 во последниот вечерашен меч на 3. ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со оваа победа, „црвено-црните“ ќе имаат директна битка со Тримо за пласман во големото финале.