Денко Малески Се сеќавам на времињата кога главната забелешка на американските и европските политичари и дипломати беше дека македонското политичко раководство не знае да мисли стратешки, демек – долгорочно. И беа во право, не знаеше и сè уште не знае.
Сѐ поблиску сме до судир меѓу Русија и Европа. Трамп вели дека сме поблиску до мир во Украина отколку што мислиме, ама реалностите на теренот и односите меѓу Русија и Западот го кажуваат спротивното: дека ќе се одлучува на бојното поле, а не на мировна конференција.